Ако го елиминира Линколн, Шкупи во следното коло го чека Динамо со Адеми и Ристовски

аријан адеми
Аријан Адеми („Динамо Загреб“)/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи доколку успешно ја мине првата пречка во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, Линколн, во следното кол го чека пресметка со хрватскиот шампион Динамо Загреб за кого играат репрезентативците Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Динамо Загреб квалификациите за пласман во ЛШ ги започнува во второто коло во кое ќе ја им улогата на носител и во него го чека подобриот од дуелот меѓу Шкупи и Линколн.

Натпреварите од второто квалификациско коло се закажани за 19 и 20 јули додека реваншите треба да се играар на 26 и 27 јули

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот