Ако е автентична снимката од „орото“ во Чаир ќе има санкции, најави Чулев

Наќе Чулев/ фото: МИА

Министерот потсетува дека на сила се уште е ограничувањето на движењето кое беше воведено за продолжениот викенд кој завршува денес.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук напомена дека намалување на бројот на заразени од вирусот Covid19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, носат заштитна опрема и се придржуваат кон пропишаната дистанца.

-Во неколку наврати напоменав дека здравјето на граѓаните е најважно и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки. Во контиутет ги следиме социјалните мрежи, видеа и содржините кои се објавуваат и секаде каде што има основ за постапување, Министерството за внатрешни работи презема соодветни активности, напиша Чулев.

Во врска со снимката објавена на Фејсбук, за која се пишуваше дека настанала во Чаир, за време на полицискиот час, министерот Чулев нагласи:

– Во оваа прилика сакам да напоменам дека во конкретниот случај со „орото“ во Чаир, доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Министерот потсетува дека на сила се уште е ограничувањето на движењето кое беше воведено за продолжениот викенд кој завршува денес.

– Министерството за внатрешни работи со сите свои ресурси го контролира спроведувањето на одлуките на Владата и овој пат со задоволство можам да констатитирам дека полициските службеници одговорно и професионално ја вршат својата работа, а граѓаните се одговорни. И воедно ќе напоменам дека на територијата на град Скопје овој викенд Секторот за внатрешни работи од Скопје имаше распоредено вкупно 55 патроли на полициски службеници, а одлуката поврзана со ограничување на движењето со минорни исклучоци се почитува на територијата на целата држава. Наспорен факт е дека заедничка желба на сите нас е состојбата да се нормализира што поскоро и во таа насока апелирам на разумност, одговорност и строго придржување до препораките за заштита на здравјето, заклучува министерот Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот