Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук се споделува видео за кое се тврди де е снимено денес во скопската населба Чаир, на кое се гледа лица како вртат оро среде улица. Нема дополнителна информација дали е снимено пред или за време на полицискиот час.

Слободен печат се обиде да добие информација од МВР, но оттаму потврдија дека нема стигнато пријава за настанот.

МВР презема мерки за санкционирање на сите лица кои не ги почитуваат одлуките на Владата. До овој момент за конкретниот настан нема пристигнато пријава. Доколку од страна на Секторот за внатрешни работи се утврди дека во конкретната снимка има елементи на прекршување на законот, кон конкретните лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот