АКЦИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ: Телеком ќе дели дивиденда!

Преку Македонската берза, Македонски Телеком АД – Скопје го пренесе усвојувањето на Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2018 година и утврдување на дивиденден календар.

Според информациите од компанијата, тие на генералното собрание одлучиле дека дивидендата за 2018 година се утврдува во вкупен бруто износ од 1.596.062.214 денари или околу 25,9 милиони евра или бруто износ од 18,50 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој се вклучени сите даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно со важечката даночна регулатива во земјава на датумот на исплатата.

– Сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 30.05.2019 година имаат право на дивиденда за 2018 година – се вели во соопштението на компанијата.

Според извештајот, последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година беше 28.05.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година беше 29.05.2019 година. Исплатата на дивидендата за 2018 година ќе се изврши на 26.09.2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот