АКЦИЈА ВО УКРАИНА: Властите уништуваат 37.000 шишиња нелегално произведена вотка

Украинските власти започнаа акција за уништување на 37.000 шишиња нелегано произведена вотка, што е национален рекорд во земјата во која поради консумирање на нелегален алкохол често се случуваат труења, па и смртни случаи, пренесува „Срна“.

Министерот за правда Денис Малиуска ја започна акцијата во градот Виники во централниот регион Лавов, каде шишиња со 14 тони алкохол биле складирани уште откога се запленети во 2014 година.

– Тешко е да се каже што има внатре, но консумирањето не се препорачува – рече министерот и додаде дека овој алкохол претставува „голема закана по здравјето и животот на луѓето“.

Процедурата на уништување ќе трае околу седум дена, а потоа алкохолот ќе биде истурен во канализација на тајна локација, рече министерот.

Иако бројките во изминатите години исто така се загрижувачки, во 2016 година со консумирање на нелегално произведен алкохол починале 73 лица, додека 150 луѓе биле затруени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот