Акција за собирање на кабаст отпад во Општина Кисела Вода

Фото: Општина Кисела Вода

Правилното одложување на кабастиот отпад има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење, а исто така на тој начин се спречува создавањето на диви депонии и грда слика за средината во која се живее.

Во периодот од 21 па се до 27 овој месец на територија на Општина Кисела Вода ќе се реализра акција за собирање на кабаст отпад.

– Ги информираме жителите дека од 21.03.2022 (понеделник) до 27 март (недела), ќе се одвива акција за подигнување на кабаст отпад. Преку сорaботка со ЈП „Комунална Хигиена” која ќе постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие – информираат од оваа скопска општина.

Локациите на кои од понеделник може да се остава кабастиот отпад се во УЗ во Населба Драчево, на улицата Бранко Заревски бр.17, Парк на бранители, потоа во УЗ Кисела Вода на улицата Христо Татарчев (главна) наспроти ЈГД 8-ми Март, во УЗ Цветан Димов на улицата Георги Димитров (заден влез на СГУ Васил Антевски-Дрен) и во УЗ Црниче на улицата Наум Охридски бр. бб (пред УЗ Црниче)

­­- Правилното одложување на кабастиот отпад има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење, а исто така на тој начин се спречува создавањето на диви депонии и грда слика за средината во која се живее. Се надеваме на совесното однесување на сите наши жители за кои се спроведува оваа акција – велат од Општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот