Акар: Повлекувањето од нашите набљудувачки позиции во Идлиб не е можно

Турција очекува страните во сириската провинција Идлиб да ги потврдат своите обврски од договорот од Сочи, потпишан во 2018 година со Русија. Согласно договорот, Анкара треба да остане во регионот, изјави турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, пренесе агенцијата Анадолија.

-Повлекувањето од нашите набљудувачки позиции во Идлиб не е можно, рече Акар пред новинарите пред почетокот на седницата на неговата Партија на правдата и развојот (АКП).

Министерот дополни дека на секој напад врз нивните позиции жестоко ќе биде одговорено.

-Очекуваме страните во Идлиб да се сообразат со нивната одговорност согласно спогодбата од Сочи, а, на пример, со тоа ќе можеме да придонесеме за прекин на воените дејствија и да го запреме крвопролевањето, додаде тој.

„Ние се сообразивме и очекуваме и другите страни тоа да го сторат”.

Акар дополни дека ситуацијата во Идлиб од воена гледна точка, како и „хуманитарниот аспект”, исто така, треба да бидат разгледани.

-Милиони луѓе ги напуштгија своите домови. Деца, жени и возрасни луѓе. Тие се обидуваат да преживеат под снегот и дождот во тешки метеоролошки услови, рече Акар, додавајќи дека Турција им помага на засегнатите во Идлиб преку воени и хуманитарни организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот