Академијата отвори истрага за шамарот на Вил Смит на Оскарите

вил смит
Фото: Профимедиа

Академијата за филмски уметности и науки, која има 9.900 членови, ги осуди постапките на Вил Смит, велејќи дека го разгледуваат случајот.

„Официјално започнавме истрага за инцидентот и ќе ги истражиме понатамошните дејствија и последици во согласност со нашите прописи, стандарди на однесување и законот во Калифорнија“, наведе Академијата.

Прекршувањето на правилникот може да резултира со суспензија или исфрлување од Академијата, одземање на наградата или суспензија за идните награди.

SAG-AFTRA, синдикатот што ги застапува актерите, ги нарече постапките на Смит „неприфатливи“ и рече дека тој бил во контакт со Академијата и телевизиската куќа Еј-Би-Си „за да се осигура дека ова однесување на соодветен начин ќе се реши“.

Инаку, по инцидентот, Вил Смит, сепак, одлучи да му се извини на својот колега Крис Рок, па по тој повод објави пост на својот профил на Инстаграм.

Меѓу другото, во извинувањето Смит рече дека неговото однесување на доделувањето на Оскарите било „неприфатливо и непростливо“.

„Би сакал јавно да ти се извинам, Крис. Бев надвор од себе и згрешив“, напишал Смит.

ГАЛЕРИЈА | Oскари: Триумф на Вил Смит, Џесика Честејн и „Кода“, еве ги останатите победници

Џејда Пинкет-Смит со емотивна изјава за битката со автоимуната болест: Јас и оваа алопеција ќе бидеме пријатели… и точка!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот