Ајакс на лето ќе биде како супермаркет, дури осум фудбалери си заминуваат

Холандскиот шампион на лето ќе продаде голем дел од своите фудбалери и ќе се фокусира на млади фудбалери од својата академија.

Хаким Зијеш минатата недела и официјално беше продаден на Челси за 40 милиони, со што Ајакс ја распродажбата на фудбалерите кои минатата година играа во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Според холандските медиуми, дури осум фудбалери на Ајакс по завршување на сезоната ќе бидат продадени и нивното место ќе го зазедат играчи од младинската академија.

Прв кој на лето ќе си замине е Дони ван де Бек за кого се шпекулира дека веќе има потпишано договор со Реал Мадрид, а висината на трансферот ќе изнесува 50 милиони евра плус бонуси.

Голманот Онана е мета на големите англиски екипи, во во пол позиција се Тотенхем и Челси. „Сините“ се подготвени да го повторат сценариото со Зијеш и сега да го платат обесштетувањето, а голманот кој веќе четири години е дел од Ајакс да ја доигра сезоната.

Давид Нереш има ветување од управата дека ќе го пуштат да си замине доколку пристигне примамлива понуда и за самиот фудбалер и за клубот.

Постарите играчи како Дани Блинд и Џоел Велтман имаат понуди од Бундеслигата, додека Таљафико има понуди од Шпанија. Меѓу фудбалерите кои ќе се заминат на лето се и Мазрауи и Сержињо Дест.

Целта на управата на Ајакс е да им даде шанса на младите талентирани фудбалери од својата академија, па така од идната сезона лидери на тимот се очекува да бидат Кик Пјери, Едсон Алварез, Лисандро Мартинез, Екеленкамп и Ноа Ланг.

Неодамна во првиот тим дебитираше младиот напаѓач Унувар кој веднаш постигна гол, а до крајот на сезоната шанса ќе добијат и Мендез и Јансен. Лидер на новиот подмладен Ајакс се очекувада биде Душан Тадиќ кој не е на продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот