АХВ: Досега има 6 случаи на африканска свинска чума, пријавете го секој сомнеж

Диви свињи / Фото: МИА

Агенцијата за храна и втеринарство алармира до одгледувачите на свињи да ги чуваат на затворено, а секој сомнителен случај и секоја угината свиња да ја пријават, со цел да се спречи ширењето на болеста за која нема ниту лек, ниту вакцина за свињите и која може да биде многу опсна за нашето свињарство.

Вчера во виничкото село Кршла, во комерцијален објект е откриен нов случај на африканска чума. Тоа е шести случај, откако првиот случај се откри на 6-ти јануари.

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски информираше дека месото не е опасно за луѓето, но дека е фатално за свињите и дека поради тоа секаде каде што има жариште, во радиус од 3 километри, свињите безбедно ќе се уништат, а потоа во радиус до 10 километри ќе се однесат на кланица, на термиичка обработка за месната индустрија.

– Одгледувачите на свињи ќе бидат комерцијално обесштетени – потенцира Бабовски.

Тој рече дека веќе функционира забраната за одгледување на свињи на отворено, но дозволемо е да има „испуст“, а во тој случај треба да има двојна ограда, каде одалеченоста од едната до другата треба да биде најмалку еден метар.

АХВ направи и категоризација на 5.608 фарми, од нив 708 целосно ги исполнуваат биосигурносните услови, 4.219 се во среден ризик, а 681 не спроведуваат сигурносни мерки.

Бабовски потенцира дека голема опасност за ширењето на болеста има од дивите свињи и дека се залагаат ловната сезона да почне порано.

Спречено проширување на африканска чума кај свињите во кочанското село Мојанци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот