Ахмети: Народ кој има национално знаме и свои универзитети не може да се нарече дискриминиран

Лидерот на ДУИ додава дека мандатот на идната влада нема да биде лесен. Според него треба да се зголеми квалитетот во образованието, здравството и судството. Ахмети вели дека во Македонија можеби постои неправда во некој судски процес, но дека нема дискирминација врз албанците.

Ахмети: За еден народ со национално знаме и универзитети не може да се вели дека е дискирминиран

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „Kosovapress“, изјави дека на изборите кои ќе се одржат на 12 април, ДУИ ќе оди сама, и дека очекува зголемување на поддршката за неговата партија.

Според Ахмети малите партии треба да се обединат за да не се губат албанските гласови.

Лидерот на ДУИ додава дека мандатот на идната влада нема да биде лесен. Според него треба да се зголеми квалитетот во образованието, здравството и судството. Ахмети вели дека во Македонија можеби постои неправда во некој судски процес, но дека нема дискирминација врз албанците.

– Еден народ кој го има своето национално знаме, еден народ кој има три универзитети на својот јазик, два државни и еден приватен, не може да се рече дека е дискирминиран, не може да се рече за еден народ кој темелите на градење на една држава ги има во просториите каде што живее, јазик, знаме, универзитети, државна администрација, полиција, војска. Има уште работи кои треба да се поправат, уште не се затворени сите прашања, на пример за правичната застапеност, практичната употреба на јазикот и други.  Денеска тргнуваме со првите чекори, но треба да видиме колку сме подготвени сите овие работи што сме ги добиле со многу труд да ги применуваме – истакна Ахмети.

Ахмети вели дека треба една систематска работа за да се остранат предрасудите дека Албанците сакаат да доминираат со цела Македонија.

Во однос за односите со СДСМ, Ахмети изјавил дека соработката со оваа партија ќе продолжи до 12 април, иако постојат неколку разлики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот