Ахмедовски: МВР да преземе мерки против ширењето говор на омраза

Со цел намалување на тензиите претседателот на партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), апелираше до припадниците на ромската заедница да бидат воздржани и да не потпаѓаат на ваквите провокации се со цел да не дојде до поголема ескалација на ситуацијата која никој не ја посакува. 

Претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите Аксел Ахмедовски денеска на прес-конференција во Делчево апелира МВР да преземе мерки против ширењето говор на омраза, а ромската заедница да не потпаѓа на провокации.

Ахмедовски изрази загриженост за, како што рече, оствареното предупредување дека се доведува во прашање меѓусебниот соживот на граѓаните. Како причина за ова ги наведе неколкуте содржини кои поединци во изминатите неколку дена ги пласираа во одредени медиуми, портали и на социјалните мрежи во кои како што додаде, бил забележителен говорот на омраза кон претставниците на муслиманската вера и навредите кон една од најсветлите личности во муслиманската вера.

-За овие случаи, во изминатите два три-дена, јас и партијата реагиравме. Воопшто не станува збор за слобода на изразување, туку за класичен говор на омраза од лица припадници на неромска заедница, а притоа и припадници на немуслиманската вера бидејќи се нападнати овие две карактеристики на Ромите, а во исто време и личноста која е една од најсветите со посебно заначење за муслиманите, пратеникот Мухамед. И во овие говори беше поттикната, повикана и промовирана омраза што предизвика одржување мирни протести на верниците Роми во Штип и Кочани, рече Ахмедовски.

Тој апелираше до МВР и министерот Наќе Чулев да преземат мерки за ваквата состојба да се превенира.

-Апелираме до министерот Чулев и МВР, да се спречат инциденти, сличен на оној во Кочани, каде утрово работник припадник на ромската заедница, поради одржаниот мировен протест беше физички нападнат со нанесени видливи повреди од лице, кој по информациите кои ми се презентирани бил познат на органите на прогонот и член на опозицијата. Сметаме на разбирање, несакаме дополнитено ваквите настани да добијат и политички карактер, а со тоа Ромите да бидат вовлечени во игри на некои мрачни сили, па фрустрациите и бесот да биде истурен врз оваа заедница која сака само мир , спокојство, подобар живот и соживот со сите грагани во државата, додаде Ахмедовски.

Со цел намалување на тензиите претседателот на партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), апелираше до припадниците на ромската заедница да бидат воздржани и да не потпаѓаат на ваквите провокации се со цел да не дојде до поголема ескалација на ситуацијата која никој не ја посакува.

КОЧАНИ: Протест во вонредна состојба, без маски и дистанца?! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот