АФЕРАТА ЗА МАТИЧНИТЕ КЛЕТКИ НЕ СТИВНУВА: Измамените Срби кои на „Криосејв“ му дале по 2.000 евра ќе поднесат колективна тужба

Оштетените семејства ќе поднесат колективна тужба против компанијата „Криосејв“, барајќи надомест на штета во врска со аферата за матичните клетки на родителите од Србија, пренесува Курир.рс.

Групата на родители кои ги чувале матичните клетки во швајцарската компанија, која неодамна пропаднала, отвораат тужба пред тамошниот суд.

– Во текот на следната недела ќе започнеме дејствија насочени кон тоа родителите заеднички да се организираат, како и таа организација пред швајцарските органи да се обиде да поднесе колективна тужба – изјавил адвокатот на оштетниот родител Растико Петаковиќ.

Целото тоа, како што истакнува адвокатот, оди паралелно со постојаните обиди за тоа пред домашмните и швајцарските органи да се казнат одговорните лица, случајот да се расветли и да се вратат парите кои се земени.
До тогаш, се очекува сите примероци да бидат префрлени во Варшава, каде ќе се чуваат во текот на следните пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот