Административците во Центар ќе земаат повисока плата за 2.806 денари

Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Од идниот месец вработените службеници во Општина Центар ќе земаат плати повисоки за 2.806 денари, соопшти градоначалникот Горан Герасимовски.

Денес со претставниците на Синдикатот на УПОЗ го потпишавме анексот на Колективниот договор, ги зголемивме платите и им помагаме на нашите колеги полесно да го поминат месецот во време на светска економска криза и големи поскапувања на цените – вели Герасимовски.

Според него, анексот предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на лицата чии плати беа претходно зголемени со самото донесување на Законот за минимална плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот