АДИО КРИМИНАЛ! Македонија со помош на Италија ќе се бори против мафијата

Јавното обвинителство на Македонија е под постојан предизвик да ги зголеми капацитетите во борбата против криминалот. За тоа е потребна постојана меѓународна соработка. Со парични сретства од ЕУ се реконструираат 11 објекти на Јавното обвинителство, изјави јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовевски на денешната трибина посветена на заедничка правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал која се одржа во Скопје.

– Организираниот криминал ја намалува довербата во државните институции. Затоа е потребна силна меѓународна соработка за успешна борба на правосудството против криминалот. Затоа македонските и италијанските власти се решени да ја продлабочат својата соработка. Пред нас се предизвици за кадровско и материјално доекипирање за да можеме соодветно да одговориме на оваа задача – изјави Јовевски.

Федерико Кафиеро Де Рахо, национален Јавен обвинител за гонење на мафија и тероризам во Италија, наследниот на познатиот обвинител, покојниот Џовани Фалконе, на трибината изјави дека зголемената конекција со македонските власти ќе придонесе за зголемена соработка и размена на информации во борбата против организираниот криминал.

– Треба да се здружат силите на сите за да може да се бориме против организираниот криминал. Ова беше мисла од последниот говор на познатиот Фалконе. После уследија низа конвенции и структуирање на институции кои започнаа борба против меѓународниот криминал кој е закана за слободата на поединците. Ваквиот криминал е закана и за слободата и демократијата на секоја земја. Тој пенетрира во економијата и таму каде има успех, навлегува и во политичкиот систем. Криминалот е присутен во секоја земја – нагласи Кафиеро Де Рахо.

Организираниот криминал е се поголема закана за националната и јавната безбедност и за сите институции на секоја држава. Јасно е дека за да се сузбие организираниот криминал не треба да се гледа како домашен проблем, туку неговото движење, рече Никола Бертолини, шеф за соработка од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

– Сите власти се соочуваат со многу пречки. Од правна гледна точка за поздравување е формирањето на Меѓународниот кривичен суд кој им овозможува на државите заедничка соработка во борбата против организираниот меѓународен криминал. Во последната декада ЕУ усвои низа правила кои донесоа поголема правна безбедност за нејзините граѓани. За тоа добар пример е европскиот налог за апсење кој ја поедноставува постапката. Сите овие алатки служат за пример во други региони и земји. Затоа треба сите кандидати за членка на ЕУ треба да ги услогласат своите закони со тие на Унијата. До сега ЕУ за таа цел има вложено околу 30 милиони евра во институциите во овој регион. Соработката меѓу Македонија и Италија е зајакната, а со тоа е зголемена и соработката во борбата против организираниот криминал – изјави Бертолини.

Македонија како дел од Западен Балкан е стратешка точка на италијанската безбедносна политика. За да се справиме со сите предизвици ЕУ ни обезбедува инструменти за да се поттикне соработката и праксата. Криминалот зема се поголем замав. Затоа е потребна подобра соработка и размена на информации. Италија е подготвена да го сподели своето знаење и соработка со Македонија – изјави амбасадорот на Италија во Скопје, Карло Ромео.

Министерката за правда на Македонија Рената Дескоска изјави:

– Организираниот криминал не познава држави, граници и нации. Затоа е потребна заедничка соработка на регионално и меѓународно ниво. За тоа ние посветуваме силна правна рамка за зајакнување на меѓународната соработка. До сега се реализирани низа проекти, а ја имаме зајакнато и соработката со меѓународните партнери. Од наша страна законски постепено се регулира соработката и правната рамка за усогласување на македонското со законодавството на Европската Унија. Со договорот за екстрадиција може да се екстрадираат и наши граѓани осомничени и осудени за дела сторени како дел од организираниот криминал.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, нагласи дека борбата против транснационалниот криминал е многу значаен и опасен за секоја земја.

– Разновидниот криминал тежнее да се прилагоди кон сите системи и да најде пукнатини и алатки кои ќе ги користи во своја полза, а на штета на граѓаните. Организираниот криминал е многу близок со меѓународниот тероризам. Примарна за нас е соработката со сите кои се борат против оваа цел. Соработката мора да се базирана на навремени и брзи размени на информации – изјави Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот