Адеми на „Сан Сиро“ против Милан ќе го игра 100 европски натпревар за Динамо Загреб

аријан адеми
Аријан Адеми („Динамо Загреб“)/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

После сензационалната победа на стартот од Лигата на шампионите против Челси на домашен терен, Динамо Загреб в среда го очекува нов голем предизвик.

Играчите на тренерот Анте Чачиќ му гостуваат на Милан (18.45 часот) на стадионот „Сан Сиро“ на кој Аријан Адеми ќе прослави јубилеј.

Македонскиот репрезентативец против италијанскиот шампион ќе го има својот 100 натпревар во Европа во дресот на „модрите“. Далеку зад него на оваа листа е Самир кој запиша 76 натпревари.

Капитенот на хрватскиот клуб се наоѓа во одлична форма, а тоа доаѓа и како добра вест за селекторот Благоја Милевски пред репрезентативните обврски овој месец во Лигата на нации.

Во 99 настапи за Динамо во европските купови нашиот играч успеа да постигне 13 голови. Кога сме кај настапите, во редовите на Милан Оливие Жиру има 76 европски натпревари. Играчите на Динамо заедно имаат 802 натпревари, додека сегашните на Милан вкупно 382.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот