Адел се враќа во полн сјај: Гостување на „SNL“, нов албум, нов изглед

Instagram
Instagram

Очигледно 2020 година се покажа одлична година за Адел. Покрај промената на физичкиот изглед и животниот стил, за кој многумина „не престанаа“ да зборуваат, утре 24 октомври ќе биде домаќин на шоуто „Saturday Night Live“, а се шпекулира дека Адел ќе објави и нов студиски албум.

 

Instagram

 

Од шоуто неодамна најавија дека покрај Адел, ќе гостува и пејачката „H.E.R“. Адел претходно во два наврати гостуваше на „SNL“, во 2008 и 2015 година.

 

 

 

По ѓаволите, толку сум возбудена за ова. Во исто време, апсолутно преплашена! Ќе бидам домаќин, ќе имам свирка на „SNL“  и сите тие работи“, напиша Адел.

 

Instagram

 

Отсекогаш сум сакала да го доживеам овој самостоен момент, да можам да ги засукам ракавите и целосно да се фрлам на работа, но никогаш не беше соодветен тајминг. Но, 2020 година е одлично време, нели?“, додаде Адел.

Се шпекулира дека четвртиот студиски албум на пејачката ќе биде објавен во декември. Поминаа дури пет години од последниот албум на Адел насловен „25“, кој на обожавателите им даде доволно време да ја наместат сложувалката, преслушувајќи ги старите песни одново и одново.

 

Instagram

 

Еден нејзин обожавател напиша – „Сите ја коментирате тежината на Адел, но се запрашал ли некој каков ли ќе биде нејзиниот нов албум“, алудирајќи на фактот дека можеби Адел покрај физичките промени, ќе направи и музички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот