АД ЕСМ доби 20 милиони евра европски средства како неповратна помош за хидроелектраните и за ветерниот парк

АД ЕСМ доби два гранта од вкупно 20,5 милиони евра од Western Balkans Investment Framework (WBIF), за проектите Ревитализација на хидроелектраните-трета фаза и за Ветерен парк Богданци-втора фаза.

Како што информираат од компанијата, и за двата проекти за финансирање се користат поволни кредитни линии и грантови од германската државна развојна банка КфВ, како и сопствени средства на АД ЕСМ, додека средствата од WBIF дополнително ќе го помогнат и забрзаат изведувањето на работите.

-Ревитализацијата на хидроелектраните-трета фаза, за која се добиени 11,2 милиони евра грант, опфаќа активности за зајакнување на инфраструктурата, зголемување на доверливоста и оптимизација на производството на шест хидроелектрани: Вруток, Врбен и Равен во рамките на ХЕС Маврово, Глобочица и Шпилје во рамките на ХЕС Црн Дрим и хидроелектраната Тиквеш. Ветерниот парк Богданци-втора фаза, за кој се добиени 9,3 милиони евра како грант, е проект со кој се проширува ветерниот парк со нови турбини, со кои електраната ќе се заокружи на првично проектираната инсталирана моќ од 50 мегавати, прецизираат од ЕСМ.

Western Balkans Investment Framework (WBIF) е заедничка иницијатива на ЕУ, финансиски организации, донатори и помагатели, чија цел е подобрување на социо-економскиот развој на регионот и придонесување кон европската перспектива на Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот