Абазовиќ: Додека зборува за почитување на закони, Ѓукановиќ има даночен долг од 12,4 милиони евра

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Потпретсeдателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ тврди дека претседателот Мило Ѓукановиќ на државата му должи 12,4 милиони евра на име данок.

„Додека зборува за наводно почитување на Уставот и законите, Мило Ѓукановиќ должи 12,4 милиони евра данок на државата“, напиша Абазовиќ на Твитер.

Тој додаде дека „сега е јасно што се крие зад кревањето тензии, приказните за идентитетот, загрозеноста… Нема повеќе недопирливи”.

Абазовиќ ги објави и податоците за блокираните сметки на правни лица од Централна банка на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот