АБА 2 лига: МЗТ за малку ќе „прокоцкаше“ позитива од 16 поени против Шенчур

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

На својот прв меч од АБА 2 лигата на турнирот во Нови Сад, македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром за противник го имаше словенечкиот прволигаш Шенчур. Имаше тимот од Аеродром и плус од 16 поени. Но, за малку и тоа немаше да биде доволно за конечен успех.

Во текот на мечот МЗТ имаше највисоки 55:39, но во последната четвртина Шенчур дојде до минимална предност од 73:72.

Ситуацијата ја спаси, со тројка, Расел, кој на нецели шест секунди пред крајот, погоди, и го донесе посакуваниот триумф од 75:73 против „металците“.

Најефикасни во победничките редови беа Расел и Танасковиќ со по 17 поени, 15 запиша Баковиќ, а 11 В. Стојановски.

На спротивната страна Новак реализираше 15 поени, а два помалку Кметиќ.

По осум одиграни кола, МЗТ има скор од пет победи и три порази, доволно за делба на петтата позиција заедно со екипата на Подгорица од Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот