200 години се размножувале меѓу себе: Хабсбуршката вилица, испакната брада и свиткан нос се одлика на членовите на познатата династија (ФОТО)

Таканаречената „Хабсбуршка вилица“, деформитет на лицето кој го имале членовите на истоименото европско кралско семејство, е последица на двовековно склопување на бракови и размножување во границите на семејството, како што покажува едно ново истражување.

Генетичари и хирурзи ги анализирале деформитетите на Хабсбуршката династија кои се видливи на нивни портрети и ги споредиле со меѓусебните бракови во рамките на семејното дрво.

Од Хабсбуршката куќа произлегле австриски и шпански кралеви и кралици, кои го окупирале престолот на Светото Римско царство од 1438 до 1740 година. Генерациите на меѓусебно склопуваните бракови обезбедиле зачувување на влијанието на семејството, но тоа на крајот се покажало како фатално – Карло Втори не можел да добие наследник.

Charles II and Charles I
Чарлс Втори и Чарлс Први

Досега не било јасно дали тн. „Хабсбуршка вилица“ е последица на меѓусебните бракови или не. Машката линија на семејното стебло завршила во 1740 година, со смртта на Карло Петти, а лозата потполно згаснала со смртта на неговата ќерка Марија Тереза во 1780 година. Меѓутоа, и ден денес сè уште постојат наследници на проширената линија на Хабсбуршко семејство. Надвојводата на Австрија, Ото фон Хабсбург, кој починал во 2011 година, го наследуваат неговите 7 деца, 22 внуци и 2 правнука. Помеѓу членовите на Хабсбуршото семејство се вклучуваат и австрискиот политичар Карл фон Хабсбург и шведскaта политичарка Валбурга Хабсбург Даглас, како и скулпторката Габриела фон Хабсбург.

Чарлс Петти

– Хабсбуршката династија била една од највлијателните во Европа, меѓутоа таа станала позната поради меѓусебните бракови, што го означил и нејзиниот крај. Сега за прв пат покажавме дека постои јасна и позитивна врска помеѓу взаемните бракови и појавата на Хабсбуршката вилица – изјавува авторот на студијата, генетичарот Роман Вилас од Универзитетот Сантијаго де Компостела.

Со цел да ја воспостават дијагнозата на опсегот на деформитетот помеѓу 15 членови на кралското семејство, Вилас и неговите колеги соработувале со 10 фацијални хирурзи кои испитувањето го базирале на 66 реалистични и современи портрети. Тие го увиделе деформитетот на максиларните коски кај членовите на Хабсбуршката династија, како и истакнатата долна вилица и свиениот врв на носот.

Хабсбуршката вилица, чиј стручен назив е „мандибуларен прогнатизам“, откриле дека била најизразена кај Филип Четврти, кој бил крал на Шпанија и Португалија во периодот од 1621-1640 година.

Филип Четврти

Највисок степен на деформитетот на максиларните коски бил откриен кај пет членови на семејството – кај Максимилијан Први, неговата ќерка Маргарета од Австрија, внуката на Карло Први од Шпанија, Филип Четврти кој бил правнук на Карло и кај Карло Втори од Шпанија. Членот на семејството кој бил најмалку погоден од овој деформитет била Марија од Бургундија, која се венчала во Хабсбуршката династија во 1477 година. На тој начин истражувачите ја откриле врската помеѓу мандибуларната прогнација и деформитетот на максиларните коски, укажувајќи дека тие особини веројатно споделуваат генетска база и дека треба да се смета дека Хабсбуршката вилица ги покрива двете состојби.

Марија од Бургундија

За да го утврдат степенот на склопување на меѓусебни бракови помеѓу членовите на Хабсбуршкото семејство научниците го анализирале проширеното семејно дрво, кое се состои од над 6.000 поединци во околу 20 генерации. Тие откриле дека постои силна врска помеѓу количината на меѓусебното мешање и степенот на мандибуларна прогнација кај секој член на семејството, па оттаму се согледува и позитивната врска со деформитетот на максиларните коски, иако тоа било статистички значајно за две од седумте анализирани карактестики, пренесува „Дејли мејл“.

Точната причина на односот помеѓу меѓусебното мешање и Хабсбуршката вилица сепак останува непознат. Она на што научниците успеале да укажат е зголемениот ризик децата да наследат две идентични форми на еден ген кога родителите се од истото семејство, што придонесува генералниот генетски материјал да се намали и тие стануваат подложни да ги наследат лошите црти.
Сепак, научниците истакнуваат дека малиот број проучени поединци кај кои се забележуваат овие карактеристики ја остава отворена можноста Хабсбуршката вилица да е случајност. Студијата е објавена во весникот „Анали на човековата биологија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот