20 приведени по страотната тепачка во Струмица

Во инцидентот се повредени две лица, нанесени им се телесни повреди, но животите не им се загрозени.

Дваесет лица се приведени во полициска станица по инцидентот кој се случи вчера во казино во Струмица.

Видеото што беше објавено на страницата „Струмица онлајн“ ја вознемири јавноста. На снимката се гледа како поголема група луѓе со палки и тупаници тепаат еден маж.

Во инцидентот се повредени две лица, нанесени им се телесни повреди, но животите не им се загрозени.

Пред снимената тепачка , претходела и друга пресметка која започнала уште во казиното а која била иницирана поради тоа што еден од учесниците вознемирувал вработена во казиното, но и поради навреди на етничка база врз двајцата подоцна претепани жители на селото Баница.

Во моментов се прибираат и другите снимки од видео камерите за целосно да се расветли случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот