1МФЛ: Струга ја прегази Победа, хет-трик на Ибраими

фото: F.C. Struga

Во 27 коло од Првата македонска фудбалска лига Струга Трим Лум убедливо славеше над Победа со резултат 6:2.

Хет-трик на овој меч постигна Ибраими (45+2`, 72`, 76`), а по еднаш во листата на стрелците за домаќините се запишаа Бојку (42`), Мухарем (50`), и Шабани (68`). На спротивната страна за прилепскиот состав голови запишаа Ферати (19`) и Кудијан (66`).

Немаше погодоци на дуелот Македонија ЃП – Академија Пандев, додека Работнички со голот на Гандо (80`) триумфираше над Скопје.

Мируваа мрежите на натпреварот Силекс – Брегалница Штип, а убедлива победа забележа и Шкендија која со 4:1 го надигра Тиквеш. За тетовските „црвено-црни“ двапати стрелаше Чинари, по еден гол имаа Цаке и Милев, а за Тиквеш Вареловски го реализираше единствениот гол за клубот од Кавадарци.

Табела: Струга Трим Лум 53 бодови, Шкендија 47, Шкупи 45, Силекс 40, Брегалница Штип 37, Македонија ЃП 33, Тиквеш 30, Работнички 28, Академија Пандев 22, Скопје 18, Победа 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот