15. четвртфинале во Мелбурн за Федерер

twitter/#AusOpen

Швајцарецот во осминафиналето во четири сета го победи Мартон Фучович од Унгарија.

Рожер Федерер се пласира во четвртифиналето на Австралија Опен, кое ќе биде негово 15. во кариерата откако со 4:6,6:1,6:2,6:2 триумфира над Мартон Фучович.

Унгарецот го доби првиот сет со 6:4, но потоа следеше целосна доминација на Федерер кој на противникот во следните три сета му препушти само пет гема.

Противник на Швајцарецот во четвртфиналето ќе биде Американецот Тенис Сандгрен кој со 7:6,7:5,6:7,6:4 го совлада Фабио Фоњини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот