Шпенде од Металург се сели во Загреб

фото: РК Металург

Левиот бек на Металург, Александар Шпенде од следната сезона ќе настапува за хрватскиот шампион Загреб. Словенечкиот ракометар веќе потпишал двегодишен договор со Загреб каде доаѓа на барање на тренерот Тимо Тамше.

Шпенде пристигна во „Автокоманда“ неколку месеци по стартот на сезоната и веднаш се наметна како еден од лидерите на Металург. Добрите игри за македонскиот тим му донесоа и повик за настап во репрезентацијата на Словенија, но и интерес од други клубови. Металург испрати понуда за да го задржи Шпенде и за наредната сезона, но како што стојат работите негова следна дестинација сепак ќе биде Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот