САД планираат да воведат нови санкции против Русија

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Официјален Вашингтон се надева дека следната недела, заедно со сојузниците на НАТО, ќе објават нови антируски мерки поради ситуацијата во Украина, изјави шефот на Стејт департментот, Мајк Помпео.

Состанокот на министрите на НАТО ќе се одржи во Вашингтон на 3 и 4 април.

Помпео истакна дека „треба да се направи повеќе” и „да се спротивстават на активностите на Русија во Крим, Азовското Море и регионот”. Државниот секретар не е сигурен дека САД прават доволно за ситуацијата околу Крим. САД планираат да дејствуваат на начин со цел Украина да добие контрола над Крим, рече тој.

Говорејќи за претстојните избори во Украина, Помпео рече дека „напорите за борба против корупцијата се исклучително важни, тие реформи ќе бидат од суштинско значење за враќање на демократијата која украинскиот народ ја заслужува”.

Помпео, без да претстави докази, рече дека Русија се мешала во изборите во САД од 2004 година досега.

Неодамна, за време на телефонски разговор, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров „го опомена” Помпео за надворешната политика на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот