Мозамбик: Се стравува дека бројот на жртвите од циклонот ќе порасне над 1.000

Бројот на жртви од поплавите во Мозамбик, предизвикани од циклонот „Иади“, би можел да се зголеми двојно, од 550 да ја помине бројката 1.000.

Генералниот секретар на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ас Си, потврди дека бројот може да порасне и додаде дека хуманитарните потреби се огромни во Мозамбик.

Поплавите се повлекуваат, а спасувачите и натаму се обидуваат со помош на хеликоптери да пронајдат преживеани.

Според најновите извештаи на ОН и на владите на африканските земји, циклонот „Идаи“ однесе преку 550 животи во Јужна Африка.

Официјален претставник на ОН, повикувајќи се на владини извештаи, информира дека во циклонот животот го загубиле 242 лица во Мозамбик и 56 лица во Малави. Министерот за одбрана на Зимбабве потврди 259 смртни случаи во таа земја.

Џема Конел, шефица на хуманитарната канцеларија на ОН за Јужна и Источна Африка, изјави во Мапуто, главниот град на Мозамбик, дека стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми, особено во Мозамбик, каде што сè уште се поплавени многу области.

Џема Конел ги повика земјите да им помогнат колку што е можно повеќе на оние кои останаа без храна и без домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот