Зверев доби парична казна поради скандалот во Акапулко

Германскиот тенисер максимално казнет од АТП/Фото: EPA-EFE/DAVID GUZMAN GONZALEZ

На Александар Зверев му е изречена максимална казна од АТП по неговиот напад на судиското столче на турнирот во Акапулко, Мексико.

Третиот светски играч го удираше столчето на главниот судија неколку пати со неговиот рекет по неговиот пораз во двојки заедно со Марсело Мело против Лојд Гласпул и Хари Хелиовара.

Зверев беше исфрлен од турнирот и доби парична казна од 40.000 илјади американски долари, пренесува „Еуроспорт“.

Германецот, исто така, треба да загуби повеќе од 30.000 долари во наградниот фонд и да ги предаде своите ранг-поени од настанот каде што минатата година беше шампион во поединечна конкуренција.

24-годишниот играч се извини за својот испад, но може да се соочи со дополнителна казна според АТП, кој во соопштението вели дека ќе го разгледа инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот