Зума доброволно замина на издржување 15-месечна затворска казна

Џејкоб Зума / Фото: EPA-EFE/Yeshiel Panchia

Поранешниот претседател на Јужна Африка, Џејкоб Зума доброволно се предаде на полицијата за да почне со издржување казна затвор во траење од 15 месеци поради непочитување на судот.

После неколку дена неизвесност дали Зума доброволно ќе се предаде пред крајниот рок на полноќ, тој синоќа во последен момент доброволно се пријави за да започне со издржување на казната.

Поранешниот јужноафрикански претседател беше осуден минатата недела затоа што не одговорил на поканата во февруари да сведочи за корупција за време на неговото деветгодишно владеење до 2018 година.

На полицијата ѝ беше наложено да го уапси Зума доколку тој не се предаде доброволно. Неколку стотици негови приврзаници, од кои некои вооружени, се собраа пред неговиот дом за да го спречат неговото притворање. На крајот, сепак, 79-годишниот Зума мирно ѝ се предаде на полицијата.

Поранешниот ветеран на Африканскиот национален конгрес беше затворен за време на режимот на апартхејдот, бидејќи се бореше за еднаквост на сите пред законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот