ЗОШТО МИГРИРААТ МЛАДИТЕ: Економските причини и корупцијата на прво место за „бегство“ од Западен Балкан

Се случува егзодус на наслението од земјите од Западен Балкан, младите се иселуваат, општествата стареат. Демографските промени веќе не се мит, туку реалност. Причините за „бегањето” на младите се економски, но на тоа влијае и постоечката корупција во државите. Кога Македонија ќе стане членка на ЕУ, во првите неколку години сите „ќе избегаат” надвор. Денес повеќе отколку во текот на првиот бран на мигрантската криза во 2016 година, мигрантите се искористуваат од страна на организирани криминални групи за нивни профити.

Ова главно беше констатирано на денешната презентација на двата документа за јавни политики „Мигрантски движења и сузбивање на организираниот криминал во Југоисточна Европа: Зајакнување на идното вклучување на ЕУ-3ападен Балкан” и „Емиграција и демографска промена во Југоисточна Европа” во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис”.

Никица Колар од Хрватска, еден од авторите на документот од истражувањето „Емиграција и демографска промена во Југоисточна Европа”, појаснувајќи дека анализата се однесува на миграциите од Западен Балкан кон земјите од ЕУ, нагласи дека промената на демографската состојба е до такви мерки, што тоа веќе не е мит, туку мачна реалност што не очекува и која потенцијално ќе ги девастира овие општества.

Прочитајте и...  Заев: Целиот демократски свет не охрабри дека сме на вистинскиот пат и дека така треба да продолжиме

Во изминатите пет до седум години, предупредува тој, се случува егзодус на населението, пред се на млади лица, а последица од тоа е стареење на целокупните општества. Според него, најмногу мигрираат младите од Србија, Хрватска и од Босна и Херцеговина. Колар оценува дека младите „бегаат” од овие земји затоа што не можат да добијат работа согласно нивното образование.

Нашата држава, според него, се уште не е во првите три држави во однос на миграцијата на младите, затоа што се уште не е членка на ЕУ. Кога ќе влезе во ЕУ, подвлекува тој, првите неколку години сите ќе „избегаат” надвор, тоа и се случи на Естонија и делумно на Словенија, особено на Хрватска од која во период од пет до шест години се иселија до 200 илјади лица, најмногу млади.

– Сето ова доведува до ситуација општествата да стануваат општества на стари луѓе, сиромашни земји без работници, рече Колар.

Причините за миграциите, според него, генерално може да се каже дека се економски односно неможноста за вработување, нискиот животен стандард… Германија, како што нагласи, е најатрактивна, затоа што им недостига работна сила, а интересни се и Австрија и Ирска.

Прочитајте и...  Засега границите со Србија и Косово остануваат отворени

– Но, нашата анализа покажува дека дури и да се променат економските причини, како на пример во Србија, со доаѓањето инвестиции, да се подобри стандардот, а исто така и во Хрватска, ништо нема да се промени, туку оди кон уште полошо. Треба да се воспостави владеење на правото, со што ќе може да се случат некакви поместувања во однос на корупцијата, изјави Никица Колар.

Во анализата, Колар препорачува дека за решавање на ова прашање не можеме да се потпреме на водечките политички партии, туку дека се потребни граѓански иницијативи, НВО или нови политички партии, за да го решаваат прашањето со притисок врз Владите.

Јелка Клеменц, од Институтот за интегративно управување со внатрешната безбедност во Љубљана и автор на документот „Мигрантски движења и сузбивање на организираниот криминал во Југоисточна Европа: Зајакнување на идното вклучување на ЕУ-3ападен Балкан” говореше за искористувањето на луѓето мигранти кои се на пат кон ЕУ од страна на организираните криминални групи за свои профити.

– Се занимавам повеќе со криминалната компонента, бидејќи денес повеќе отколку во првата мигрантска криза што ја имавме 2016 година, има се повеќе криминал што ги искористува мигрантите и ранливата популација во регионот – рече Клеменц.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ: Рускоска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Заев и Луј Витон правниот систем, не очекуваме да им се допаднат спотовите

Таа додаде дека работи на полето на криминалистичките полиции на државите од Западен Балкан за сузбивање на илегалните миграции и организираниот криминал, како што е криумчарење луѓе и употреба на фалсификувани документи.

– Мислам дека криумчарењето на луѓе е првиот предизвик што треба да се препознае, но да се препознае и неговото влијание на стравот на локалните заедници во регионот и во ЕУ, бидејќи се тоа за што денес говориме има големо влијание на односот на ЕУ кон Западен Балкан и обратно. Потребно е да се напарви многу повеќе видлива соработката меѓу ЕУ и Западен Балкан на тоа подрачје, за да се види дека Западниот Балкан не е толку закана за безбедноста на ЕУ, колку што е партнер – порача Јелка Клеменц.

Структурата на националноста на мигрантите, кои денес се на пат кон ЕУ и се жртви на криумчарење, не е променета од 2016 година, а тоа се најмногу државјани од Пакистан, Авганистан, Ирак и Сомалија.

Прочитај повеќе

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат

Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Слободен печат

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Слободен печат

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните

Слободен печат

Вучиќ ја пофали Македонија дека чесно тестирала и се пофали дека Србија направила најмногу тестови во регионот

Слободен печат

Ахмети од Кичево: Македонија се гордее со Мајка Тереза, ќе се гордее и со премиерот Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силен и пороен дожд поплави улици во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата во светот, новозаразени има преку 200 илјади

Слободен печат

Заев: Ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО, со обезбеден идентитет и со признат јазик

Слободен печат

Филипче: Ќе почнеме со изградба на Клинички центар, првиот блок ќе биде готов за четири години

Слободен печат

Силјановска покажа како се „денса“: Треска на саботната вечер (ВИДЕО)

Слободен печат

Најмалку 43 убиени во судири во Јужен Судан, украдени и десетици говеда

Слободен печат