Зошто Меган и Хари се враќаат во Лондон за Божиќ?

профимедиа

Светските медиуми минатите недели шпекулираа дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл немаат намера да се вратат во Англија за да ги прослават божиќните празници со кралското семејство. Како што се пишуваше, Меган и Хари требаше да го поминат Божиќ со своите најдобри пријатели во Лос Анџелес.

Сепак изгледа дека поранешната кралска двојка сепак ќе мора да ги смени плановите и да ги прослави празниците во Европа, а една од причините за тоа е за да избегнат да платат данок од два милиони долари во Америка.

Хари уште не е американски државјанин, а се приближува 183-от ден од неговиот последователен престој во САД, по што тој е должен да плаќа даноци за периодот во кој престојувал во Америка без документи.

Во неговиот случај, тоа би значело дека ќе мора да си го олесни џебот за два милиони долари во корист на државната каса, а Хари и Меган очигледно не ги сакаат тоа“, изјавил извор близок до принцот.

Изворот објаснил дека даночната служба нема намера да му „погледне низ прсти“ на 36-годишниот принц само затоа што има кралско потекло, а Хари е свесен за тоа.

Затоа, Хари и Меган веројатно ќе се вратат во нивната поранешна резиденција за време на божиќните празници, а тоа го потврдија извори од британскиот двор кои пред неколку дена изјавија дека кралицата им наредила на слугите да го подготват Фрогмор за нивното доаѓање.

Се шират гласини дека кралицата Елизабета Втора има намера на внукот и на снаата да им одржи лекција бидејќи во нивните последни јавни говори биле политички ангажирани и влијаеле на претстојните претседателски избори во САД, а тоа е нешто што на членовите на кралското семејство им е строго забрането. Без оглед на фактот дека тие се одрекле од своите кралски должности, кралицата и кралскиот двор нема лесно да им го простат тоа.

Уште една од причините за враќањето на Хари и Меган во Англија е и рочиштето со The Mail on Sunday кое почнува во јануари 2021 година и ќе трае десет дена, па Хари и Меган веројатно се враќаат порано во случај да треба да бидат две недели во карантин, пишува Вог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот