Зошто Американците не сакаат да играат на СП во Кина?

twitter.com/ComplexSports

За играчот на блејзерси, МекКолум поважно е настапот во најсилната кошаркарска лига на светот (НБА), отколку можноста за учество на претстојниот Мундобаскет 2019.

Имаше долга, но и успешна сезона со Портланд, заедно со Демијан Лилард и останатите соиграчи стигнаа до финалето на Западот каде што беа елиминирани од Голден стејт вориорс.

После тој пораз се очекуваше МекКолум и Лилард да бидат големи адути на американската репрезентација на СП, но Си-Џеј беше првиот што откажа да игра за селекцијата предводена од Грег Попович.

СП во Кина ќе започне на 31 август и ќе трае до 15 септември, а новата НБА сезона 2019/20 ќе стартува на 22 октомври.

– Мислам дека и останатите момци гледаат вака. Зошто би одел и потенцијално би испаднал од составот? Или дел од подготовките. Ако сите играме, помалку се подготвуваме за сезоната и помала е минутажата поради тоа. Многу играчи не настапуваат за репрезентацијата, потоа твоите минути ќе пораснат дури низ сезоната и тоа влијае на вашата форма и за месец март кога е најважниот дел од сезоната. Во јануари тој дел започнува, пред паузата за Ол-стар, после Ол-стар, а најглавното е во март и април. Тие додатни километри и додатни часови на тренирање во текот на летото.. Ги имав најмногу секоја година, не сакам да одам во Австралија или Кина и потоа се вратам и се подготвувам за новата сезона кога можам стратешки да ги планирам своите подготовки – се зборовите на МекКолум, кошаркарот на Портланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот