Зошто Америка ја притисна Швајцарија: Посилниот франк им користи на извозниците
Вашингтон смета дека швајцарските власти вештачки ја слабеат својата валута на сметка на купувањето долари
Америка ја нападна Швајцарија, една од најбогатите држави во Европа, и е подготвена да ја прогласи за валутен манипулатор, пишува Блимберг кој се повикува на највисокиот швајцарски финасиски холдинг УБС Груп.
Швајцарија ги исполнува сите три критериуми кои се потребни за вклучување во американскиот список на манипулатори, пишува агенцијата. Државата има позитивно салдо во тековните трансакции и билатерален трговски суфицит. Освен тоа, Швајцарија користи валутни интервенции, купува долари за да не дозволи поголемо јакнење на швајцарскиот франк, пренесува порталот Банкар.
Државата може да посегне по валутни интервенции, бидејќи расте побарувачката за швајцарската валута во текот на кризи. Инвеститорите традиционално го сметаат франкот за прибежиште за инвестиции во периодот на нестабилност на светската економија.
Вашингтон смета дека швајцарските власти вештачки ја слабеат својата валута на сметка на купувањето долари, обидувајќи се да им обезбедат на локалните производители извозни бенефиции. Швајцарската страна ги отфрла овие обвинувања.
САД на почетокот на 2020 година веќе ја ставија Швајцарија во списокот на држави за набљудување, кои, според мислењето на Вашингтон, манипулираат со курсот на валутите. Одлуката била донесена по рекордното јакнење на швајцарскиот франк во однос на еврото во последните три години, јави Ројтерс.