ЗНМ сè уште избира претседател

ЗНМ гласање/ Фото Слободен печат

Сè уште се одвива гласањето за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и за членови на управниот и надзорниот одбор, како и за судот на честа.

Гласањето е тајно и се одржува во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

На Собранието присуствуваат 456 новинари и медиумски работници од вкупно 815 колку што се зачленети во здружението, а покрај изборот на комисиите за работа на комисијата за гласање, присутните го усвоија извештајот за работата на ЗНМ и финансискиот извештај за 2022 година.

За функцијата претседател се кандидирани тројца новинари, Младен Чадикоски, досегашниот претседател на ЗНМ, новинарката Филијана Кока и новинарот Марјан Николовски, кои ги претставија своите програми пред членовите на ЗНМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот