„ЗНАМ “и „ГРОМ“ со ветувања за пензионерите

13та пензија за пензионерите, зголемување на социјалната политика, промена на даночната политика, тие пензионери што земаат до 25.000 денари пензија да бидат таргетирани како ранлива категорија. Претседателските кандидати на ЗНАМ – За наша Македонија и ГРОМ, Максим Димитриевски и Стевчо Јакимовски со ветувања за пензионерите.

„Секој пензионер во форма на субвенција да добие 13-та пензија, е дел од програмата на движењето ЗНАМ За наша Македонија. Кандидатот за претседател на државата Димитриевски, кој се сретна со кумановци потенцираше дека транспарентно ќе ги објават бројките, колку средства има во буџетот за исплата на пензии и ќе направат пресметки за зголемувањето. Во текот на 2024 со ребалансот ќе предвидиме исплата на 13-та пензија која ќе биде поголема за оние со пониски ставки на пензии, за да се усогласи големата разлика“, рече Димитриевски.

Иновативно решение за пензионерите најавија од ГРОМ и Коалицијата.

По митингот на кој говореше лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски тој одговараше на прашања на присутните за дел од програмата на коалицијата. Ристовски најави зголемување на сите пензии кои се под 25.000 денари.

– Имаме иновативно решение за пензионерите, тие што примаат пензии по пензионерско семејства под 25.000 денари ќе бидат таргетирани како ранлива категорија на население, и тука државата ќе мора да реагира со мерки на социјална политика. За тоа има доволно во буџетот. Ќе се замрзнат сите несуштински трошења, сите набавки на бироа, на опрема на автомобили на репрезентации, на јадење бифтеци и лешници по канцеларии, секој министер ќе го плаќа кафето од својот џеб. Државата не треба да жали средства за пензионерите, мора да имаат пристоен и квaлитетен живот – кажа лидерот на ИНТЕГРА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот