Златото и понатаму доминира на берзантските тргувања

Злато. / Архива на Слободен печат

Цените на нафтата не забележаа значителни поместувања. Фјучерсите на северноморската нафта „брент“ пораснаа за 16 центи на 43,47 долари за барел, а цената на американската „ВТИ“ нафта порасна за девет центи и сега се продава за 41,16 долари за барел.

Инвеститорите и понатаму на златото гледаат како на сигурно пристаниште и интересот за овој благороден метал станува се поголем со цел да се намалат ризиците од големи финансиски загуби поради економската нестабилност предизвикана од кризата со пандемијата која ги разниша светските економии.

Овој благороден метал тргувањето го заклучи на сеновно ниво од 1.886 долари за унца, забележувајќи притоа неделно зајакнување од 4,2 проценти и се најде на највисоко ниво уште од септември 2011 година и се повеќе се доближува до историскиот рекорд од 1.920 долари за унца.

Цените на нафтата не забележаа значителни поместувања. Фјучерсите на северноморската нафта „брент“ пораснаа за 16 центи на 43,47 долари за барел, а цената на американската „ВТИ“ нафта порасна за девет центи и сега се продава за 41,16 долари за барел.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот