Ѕирнете во домот на Шарапова (ВИДЕО)

Марија Шарапова добар дел од заработката од тениските турнири одлучи да го вложи во својот дом во Калифорнија, САД, која е уредена во јапонски стил, со спектакуларен поглед на океанот. Руската тенисерка дури дури направи и куглана во подрумот на својот дом.

– Ова е најголемото изненадување во мојот дом, често со пријателите се симнуваме за да кугламе – вели Шарапова за својот дом кој има прекрасен поглед на познатите Малибу и Палос Вердес.


Реновирањето на куќата, траеше три години, а со оглед на тоа дека во тој период беше казнета поради користење недозволени супстанци, а потоа поради хроничната повреда на рамото не играше на турнирите, таа целосно се посвети на реновирањето на својот дом.

– Бев опседната со процесот на креирањето на својот дом. Се случуваше по настапите на  турнирите директно да одам да ги агледувам работите или да одам во канцеларијата на архитектот. Тоа беше мој проект и не сакв да испуштам ниту еден детал во изградбата на куќата – додава Шарапова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот