Зидан: Се надевам дека Меси ќе остане во Барса

фото: твитер

Тренерот на Реал Мадрид посакува фудбалерот на Барселона, Лионел Меси да остане во „Ла Лига“, откако се појавија информации дека Аргентинецот би можел да се раздели со Каталонците.

Најдобриот играч на светот има договор до летото 2021 година, а различни извори, шесткратниот освојувач на „Златната топка” размислува да го напушти клубот од „Камп Ноу“.

После средбата на „белите” со Хетафе, во која победија играчите на Зинедин Зидан со 1:0, Французинот беше запрашан за овие шпекулации.

Не знам што ќе се случи, но се надевам дека нема да се случи, бидејќи тој е во овој шампионат и ние го сакаме најдоброто за Лигата – рече Зидан.

Меси ги прекина преговорите за продолжување на договорот!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот