Меси ги прекина преговорите за продолжување на договорот!?

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Најдобриот стрелец и играч во историјата, би го напуштил каталонскиот клуб после 20 години и шест дена по неговиот 34 роденден.

Најслушаната радио станица во Шпанија, „Кадена СЕР“, доцна синоќа откри дека Лионел Меси ги прекина преговорите за продолжување на неговиот договор со Барселона и дека ќе го напушти клубот следното лето.

Договорот на Аргентинецот со Барса завршува на 30 јуни 2021 година, така што според оваа приказна, најдобриот стрелец и играч во историјата, би го напуштил каталонскиот клуб после 20 години и шест дена по неговиот 34 роденден.

Меси не е задоволен од ситуацијата во клубот на сите нивоа и заситен, одлучи да ги прекине преговорите за продолжување на неговиот договор, да игра уште една сезона, колку што неговиот договор го врзува за Барселона и ќе си замине – беше објавено на полноќ во емисијата „Ларгуеро“.

Иако беше доцна, веста веднаш се прошири на социјалните медиуми и шпанските медиуми. „Кадена СЕР“ наведува: „Преговорите за продолжување на договорот на Меси со Барселона започнаа многу добро со договорените позиции на обете страни, но најновите настани и радикалното влошување на ситуацијата во Барселона го натераа Меси да ги раскине“.

Тешки зборови од екс француски фудбалер: Од кого се плаши Гризман, од полуаутистично џуџе од 150 сантиметри?

Според истиот извор, „Меси е лут што важните информации постојано се објавуваат од врвот на клубот кои треба да останат тајни, како и дека тој е одговорен за одлуките и случувањата со кои нема никаква поврзаност“.

Проблемите во Барселона се навистина огромни, а клубот на сите нивоа е потресен од невидена криза. Таа сега кулминираше со низата лоши игри и резултати, со кои Барса му го предаде првото место на Реал на пет кола пред крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот