Жител на Смојмирово пронајден мртов во Смојмирска Река

фото Архива

Шеесет и седумгодишно лице од беровското село Смојмирово е пронајдено починато во коритото на Смојмирска Река. Трагичниот настан го потврдија од беровската полиција,  а смртта на несреќниот беровчанец била констатирана од екипа на Итната медицинска помош од Берово.

– На 10.06.2021 во 8:10 часот во Полициската станица Берово добивме пријава дека во коритото на „Смојмирска река” во село Смојмирово е пронајден починат В.Г. (67) од село Смојмирово. Смртта без траги на насилство ја констатираше лекар од Итна медицинска помош, инфирмираа од полицијата во Берово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот