Жител на Боговиње со оружје се заканувал поради расправија во сообраќајот

Полиција / Фото: МИА

Жител на Боговиње завршил во полициска станица лишен од слобода, откако претходно во денот со оружје се заканувал на човек од Радиовце со кого се расправале околу недоразбирање во сообраќајот. Настанот се случил на регионалниот пат од Пирок кон Боговиње.

 -Околу 9 часот вчера на патот Пирок-Боговиње 61-годишниот Н.А. од Боговиње му се заканил со оружје на 46-годишниот Г.М. од тетовско Радиовце кој со своето возило „пасат” со тетовски регистарски ознаки се движел по сообраќајната делница. На заканата претходела нивна расправија околу недоразбирања во сообраќајот, информираат од СВР Тетово.

 По пријавувањето на случајот околу 11 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 61-годишникот од Боговиње

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот