„Жешки прашања“ ја откажаа средбата Помпео – Меркел

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е откажан денешниот состанок на државниот секретар Мајк Помпео со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Во соопштението до Стејт департментот се наведува дека состаноците на Помпео мора да бидат прераспоредени поради „жешки прашања”, но не се наведува кои.

Од кабинетот на Меркел и шефот на германската дипломатија Хајко Мас се уште ништо не е соопштено.

Помпео во Берлин требаше да допатува од Финска, каде учествуваше на состанокот на Арктичкиот совет.

Стејт департментот посочува дека Помпео наскоро ќе го посети Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот