Жена се обиде да ја мине српско-босанската граница со 70.000 евра сокриени во градникот

Фото: Царинска управа на Србија

Припадници на Царинската управа на Србија, на граничниот премин Градина откриле 70.000 непријавени евра, соопштија денес од оваа институција, а пренесе српски „Курир“.

Настанот се случил на 12 декември кога на редот за контрола за излез од земјата стигнал автомобил „бмв“ со германски регистарски ознаки.

Со него патувале двајца германски државјани со турско потекло, кои негирале дека имаат нешто да пријават на граничната контрола, вклчувајќи и пари.

Во појас под градникот на една од двајцата патници се пронајдени 70.000 евра. Привремено, до завршувањето на прекршочната постапка задржана е сума од 50.000 евра, откако претходно на патниците им се вратени по 10.000 евра, колку без пријавување е дозволено да се пренесат преку граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот