Жбогар: Преговарачката рамка треба да ја интегрира новата методологија усвоена од Европскиот совет

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре. Станува збор за истата преговарачка рамка со слична структура како и за другите земји во регионот, со тоа што треба да ја интегрира новата методологија неодамна усвоена од Европскиот совет, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе биде објавена преговарачката рамка, што ќе содржи и дали ќе бидат опфатени добрососедските односи со Бугарија.

Во однос на Бугарија, Жбогар посочи дека добрососедските односи се важен елемент од процесот на проширување.

– Тоа е потврдено и дел од одлуката на Европскиот совет од март. Потребата од продолжување со спроведувањето на договорите постигнати со соседите и постојаниот развој на добрососедските односи секако дека ќе биде адресирано во преговарачката рамка, изјави Жбогар.

Тој нагласи дека еврокомесарот за проширувањеОливер Вархеји потврдил дека преговарачката рамка ќе биде објавена во јуни и верува дека се уште стои на овој датум.

– Ќе биде објавена во јуни. Верувам дека Европската Комисија многу брзо ќе ја претстави пред земјите членки. Потоа останува на земјите членки да ја разгледаат и конечно потврдат, и дури тогаш да биде финално презентирана пред вашата земја, изјави Жбогар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот