Зголемена радијација во Крива Паланка, надлежните смируваат!
Во текот на изминатите неколку денови беше предизвикана голема паника помеѓу граѓаните, поради тоа што на сајтот на Европската комисија во делот за набљудување на радиоактивноста на 20 јуни се покажува енормно зголемување на зрачење од гама зраци (гама-зрачење) кај Крива Паланка.
На автоматската радиолошка мапа на Европа од пред неколку дена има индикација за високо гама зрачење во околината на Крива Паланка. Нешто како да се случило на 20 јуни и сеуште се случува.
Споделете да се актуелизира до некоја релевантна институција за да проверат што се случува. pic.twitter.com/2sKFEN0qWh— Rumburak ????? (@jiggymkd) June 25, 2019
На социјалните мрежи беа прикажани резултатите од мерењата на радиоактивноста, што дополнително ги „запали“ загрижените граѓани за да дознаат што точно се случува.
Аларм се крева ако се измери гама зрачење над 250 nSv/h во тек на 24ч, а во Крива Паланка просекот е 442,088, 1,768 пати повеќе. Кај нас станицата во К. Паланка не дава податоци, ама во Европа одат. После граѓаните кревале паника, “станицата не работи”. Некој објаснил, измерил? https://t.co/0pJLlp1Qrd
— О2 Иницијатива (@O2Inicijativa) June 26, 2019
Но, од Дирекцијата за радијациона сигурност велат дека нема простор за паника, бидејќи станува збор за грешка која се покажува на сајтот за мониторинг, а како причина наведуваат дека е расипана станицата за мерење.
Оттаму велат дека стапиле во контакт со Општина Крива Паланка и со Институтот за јавно здравје, кој е задолжен за менаџирање на станиците. Според информациите, станицата е веќе извадена и е донесена во Скопје на поправка. За да не се шири паника се очекува да се огласи и Институтот за јавно здравје од каде веќе излегоа со информации на 20 јуни, дента кога првпат беше забележан лажниот алармот на сајтот на Европската комиија.
Како и секогаш досега, кога и да се забележат енормно зголемени показатели, како на загадување на воздухот, така и во случајов со зрачењето од гама зраци, од надлежните институции се добива истиот одговор, дека мерните инструменти се расипани и се на поправка.
Па се поставува прашањето, како е можно сите европски и светски институти кои вршат мерења ги забележуваат загадувањата кај нас, но тука одговор е секогаш ист. Па поради тоа постои се поголема загриженост кај граѓаните за тоа дали некој намерно сака да го прикрие секој вид на загадување кај нас или станува збор за нешто друго.