Зеленски бара оставка или разрешување на шефот на украинската војска

Володимир Зеленски во Осло / Фото EPA-EFE/Javad Parsa /

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, да поднесе оставка, но генералот наводно го одбил барањето,објави денеска Гардијан.

Медиумот наведува дека се очекува Зеленски наскоро да го разреши Залужни.

Олекси Гончаренко, пратеник од украинската опозиција и сојузник на генералот, рече дека дознал дека „вчера претседателот побарал од Залужни да поднесе оставка, но тој одбил да го стори тоа“.

„Лично, мислам дека ова е лоша идеја. Нема суштински прашања меѓу нив, но канцеларијата на Зеленски е загрижена поради тоа што Залужни дава политички, а не воени изјави“, рече Гончаренко.

Според медиумот, тензиите меѓу двајцата, траат со месеци, по неуспехот на летната контраофанзива на Украина. Според лондонскиот весник, на местото на Залужни најверојатно ќе дојде Кирило Буданов, актуелен шеф на разузнавањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот