„Зелена лупа” поднесе иницијатива за одговорност на тројца судии од Апелацискиот суд

Здружението „Зелена лупа” до Републичкиот Судски совет денеска поднесе три иницијативи за покренување постапка за одговорност на судии од Апелацискиот суд за неодговорно и несовесно работење.

Овие иницијативи се однесуваат на судиите од Апелацискиот суд, поточно на Гордана Ѓорчева како претседател на Советот на Апелација и Радица Василевска и Фатмир Скендер како членови на Советот.

Според извршниот директор на здружението, Васко Тодорвски, овие судии со прекршување на законот и на своите службени овластувања нанеле голема штета на доверители, со тоа што истите не го почитувале Законот за спорт, не го почитувале Законот за извршување како и Законот за трговски друштва, а со своите незаконити влијанија нанеле голема штета и на одредана група на доверители врзани од Законот за спорт.

Прочитајте и...  Хавана е повторно под карантин поради Ковид-19

-Конкретно овој предмет се однесува на случајот на фудбалерот Срѓан Захариевски против фудбалскиот клуб „Силекс” – Кратово. Се работи за оштета од 300 илјади евра каде што фудбалерот со договор потпишан од Клубот за направен трансфер не можел да ги добие овие средства а истите ги искористил фудбалскиот клуб „Силекс”. Ова е само еден случај, вакви случаеви има во повеќе клубови во фудбалскиот клуб „Вардар”, во кошаркарскиот клуб МЗТ, и во многу други клубови, истакна Тодоровски на денешната прес-конференција.

Тодоровски рече дека неправдата во судството што го нападна нашиот правосуден систем, единствено може да се искорени со разрешување на судии. Со самото разрешување на судии, појаснува, треба да дојде до прочистување на судството од судии кои не работат согласно законот и кои отстапуваат од свои службени овластувања.

Прочитајте и...  Ковид-19 ги одложи иселеничките средби во Делчевско

Покрај поднесувањето на овие иницијативи до Судскиот совет, здружението „Зелена лупа” информира дека ќе поднесе и кривични пријави до Основното јавно обвинителство, бидејќи според Здружението, овие судии искористувајќи ја службената положба и овластување на сопствениците на спортските клубови им овозможиле материјални добра со незаконско избегнување на постоечките обврски на штета на доверителите.

-Се работи за случај каде што со Законот од 2011 год беа изневерени повеќе доверители. Тогашната влада им овозможи на свои блиски бизнисмени да се стекнат со право на сопственост на клубовите кои се трансформираа во акционерски друштва без да вложат ниту еден денар притоа да користат средства од друг Закон кој што е врзан за спонзорирање и со тоа да нанесат штета на голем број на спортисти од фудал, ракомет, кошарка. „Зелена лупа” има добиено и поднесоци од уште триесетина други предмети на оштетени страни каде се работи за кривични и за граѓански предмети, додаде Тодоровски.

Прочитајте и...  424 граѓани казнети за неносење заштитни маски

Тој појаснува дека во овие предмети се сомнева дека судиите кои постапувале предметите им биле дадени на рака со намера да судат тенденциозно во штета на доверители.

Во минатото, од поднесените иницијативи на Здружението, биле разрешени тројца судии од Врховен суд, меѓу кои и поранешниот претседател Врховен суд, Јово Вангеловски како и судиите од Врховен суд Рахилка Стојковска и Ристо Катавеновски

Прочитај повеќе

Во Унгарија 43 нови случаи на коронавирус, нема починати

Слободен печат

Бразил: Над 3 милиони заразени од коронавирус и повеќе од 100.000 починати

Слободен печат

Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата, војската излегува на улиците (ВИДЕО)

Слободен печат

Ковид-19 ги одложи иселеничките средби во Делчевско

МИА Агенција

Автолитии од Бијело Поље до Бар: Колони автомобили на протест ширум Црна Гора

Слободен печат

Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Две семејства се тепаа пред Градска болница, интервенираше и полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат

Директорката Сотирова Бухова во самоизолација поради контакт со заболен член од семејството

Слободен печат

Затворени гласачките места во Белорусија: Прелиминарните резултати ја покажуваат доминацијата на Лукашенко

Слободен печат

Повеќе од 5 милиони заразени од коронавирус во САД

Слободен печат

Кириакидес: Вакцината за коронавирус би можела да биде достапна до крајот на годината

Слободен печат

Во Бејрут втор ден насилни протести, пожар пред парламентот, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат