Здружена реакција на граѓанските организации за предлог-законот за Охридскиот регион

Им укажуваме на предлагачите на Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (Предлог-законот), акој требаше да влезе во собраниска процедура оваа недела, дека текстот на Предлог-законот не е ист со оној кој беше дискутиран на јавната расправа на крајот на 2018 год. и презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Баку. Предлагачитево него додале член со кој уредувапримена на т.н. Бадентеровото мнозинство (односно двојно мнозинство) при носење напрепораките и мислењата на Советот за Охридскиот регион (Советот)..

Сметаме дека ваквиот начин на носење одлуки на Советот за Охридскиот регион не е во согласност со Охридскиот рамковен договор, бидејќи Бадентеровиот принцип на донесување одлуки се воспостави за да се избегне надгласувањето на помалите етнички заедници за сметка на мнозинството во претставничките тела, како Собранието и советите на локалната самоуправа, каде избрани претставници носат одлуки во името на граѓаните. Во конкретниот случај се работи за стручно тело со советодавна улога, чиј мандат е точно определен во членот 9 од Предлог-законот, односно тело кое дава мислења, препораки и предлози заради зачувување на природата и културното наследство на Охридскиот регион, но не донесува одлуки!

Прочитајте и...  Реализирани 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка за време на пандемијата

Имено, во членот 8, став 15 од Предлог – законот уредено едека членовите се бираат според нивната функција, односно позиција во одредена релевантна институција, а не согласно принципот на Бадентер, од што произлегува дека не мора да значи дека нејзиниот состав ќе ја одразува етничката структура на државата.

Воедно сметаме дека ваквото законско решение ќе создаде простор за локални моќници директно да влијаат на сите препораки, предлози и мислења што ќе ги носи овој Совет и повторно ќе се реализираатштетни инфраструктурни проекти, а кои ќе значат понатамошно уништување на Охридскиот регион и со сигурност ќе бидат причина за губење на статусот на УНЕСКО во 2020 година.

Затоа:

–       Бараме од Министерството за култура, како предлагач на Предлог-законот до Собранието на РСМ да го достави текстот на Предлог-законот кој беше предмет на јавна расправа и кој беше презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Бакуво јуни 2019 год.;

Прочитајте и...  Нови 160 позитивни случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, оздравени се 368 пациенти, три лица починаа

–       Бараме од Собранието на РСМ во прво читање да расправа по текстот на Предлог-законотод ноември 2018 год. кој беше консултиран со засегнатите страни и јавноста и кој беше доставен до Комитетот на УНЕСКОво Баку во јуни 2019 год.

–       Бараме од Владата на РСМ да ја препознае заканата од уништување на природното и културно наследство и сериозно и доследно да се заложи за  спроведување назаконските и подзаконските акти донесени во оваа држава, почнувајќи со Уставот на РСМ, а кои посебно влијаат на природнотото и културното наследство.

Со почит,

Центар за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест” Скопје

Движење за околината Молика – ДОМ Битола

EcoGuerila Тетово

Еко Живот Кавадарци

Прочитајте и...  Радев: Ако има оставки и предвремени избори може да се зборува за промена на Уставот на Бугарија и иднината

Извиднички Поречански Одред Крсте Јон Струга

Фронт 21/42 Скопје

Центар за климатски промени Гевгелија

Граѓанска иницијатива Охрид SOS

Еко ЛОГИК Скопје

Анима Мунди Скопје

Поддржано од Блупринтгрупата за правосудство:

Хелсиншки Комитет

Фондација Отворено општество – Македонија

Институт за европски политики ЕПИ

Здружение на млади правници

Коалиција сите за правично судење

Институт за човекови права

Центар за правни истражувања и анализи

Прочитај повеќе

Руски јутјубер уапсен за оддавање на државни тајни, ќе остане во притвор до октомври

Слободен печат

Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

Слободен печат

Глетка која го запира здивот: Над 300 делфини забележани во Калифорнија

Слободен печат

Иран ја осуди популарната двојка на 16 години затвор и камшикување поради објави на Инстаграм

Слободен печат

Груби: Сè уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ, албанската опозиција шири лажни вести

Слободен печат

Германија ќе ја прогласи Шпанија за ризично подрачје поради коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Матоши: Не се укинуваат тестовите за македонските граѓани при влез во Косово

Миа Агенција

Пандемијата го крена рејтингот на Болсонаро

Слободен печат

Наумовска: Очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран

Слободен печат

Шасивари: Доделувањето на мандатот е нов политички преседан, Пендаровски доби функција која ја има само Макрон

Слободен печат

Протест во Скопје против поскапувањето на струјата: Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб!

Слободен печат

Радев: Ако има оставки и предвремени избори може да се зборува за промена на Уставот на Бугарија и иднината

Слободен печат