Здравство: Нема заболени граѓани од антракс

Министерството за здравство

Министерството за здравство во однос на информациите дека кај добитокот во делови од државава се појавила заразата антракс, соопшти дека нема заболени граѓани од антракс.

Реакцијата на Здравство уследи откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека во Македонија се појавила опасната заразна болест антракс, и дека имало наводно 30 заболени.

„Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс“, стои во соопштението на Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот