„Здраво млади“ закажан за 31 август, во паркот зад МКЦ

Деветтото издание на ЗДРАВО МЛАДИ е закажано за точно еден месец од денес, на 31 август во паркот популарно наречен „кај Бомбата”, паркот позади МКЦ!

Во периодот кој следува, не очекува најава за нови артисти, најава за активности на фестивалот, изненадувања за публиката и одлична музика за преслушување. Новитети на програмата се
фантастичниот британски состав – FUJIYA & MIYAGI, кој веќе 20 години царува на светската сцена и елегичната, бразилска, електро-поп сензација DILLON.

FUJIYA & MIYAGI се стари познаници на скопската публика. Тие веќе имаат настапувано кај нас, а годинава по повод 20-годишнината од нивното постоење, доаѓаат да го испромовираат новиот албум Flashback, кој за кратко време ги освои симпатиите на слушателите.

Бразилката DILLON, која живее и твори во Германија, настапува во тандем со нејзиниот соработник и копродуцент Tamer Fahri Özgönenc. Одличниот сценски настап го одбележа дуото како електро-поп сензација, а нивната нумера Thirteen Thirtyfive доживеа повеќе од 38 милиони прегледи на интернет страницата YоuTube.

Досега најавени артисти на овогодинешното издание на Здраво Млади се: хрватското електропоп дуо – NIPPLEPEOPLE, канадското пост-панк трио OPERATORS, аргентинците MUERAN HUMANOS, SVEMIRKO, DJ FITZ и програмата Berlin via Skopje на која ќе настапи одличниот DJ квартет VIVIAN KOCH,  CONFORCE, ALEX ACID, како и нашиот претставник на берлинскиот подиум STOJCHE.

Билетите се продаваат по цена од 400 денари до крајот на јули и можат да се набават на билетарница МКЦ или online преку bileti.mkc.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот